Македонија 24. јануари 2020. / 17:21

„Усје“: Лага е дека го загадуваме воздухот со опасен отпад, инаку гориме комунален отпад

„Усје“: Лага е дека го загадуваме воздухот со опасен отпад, инаку гориме комунален отпад

Овие печки за производство на цемент ланската година проголтале 4400 тони отпад од домаќсинствата од увоз. Се горел комунален, но не и опасен отпад тврди раководството на фабриката, пишува Телма.

Фабричкиот гигант само 4 отсто од горивото го купил од странски депонии. Останатото гориво за печките е јаглен и кокс. Истражувањата и мерењата на компанијата покажале дека ако горат комунален отпад помалку го загадуваат воздухот.

Ако „Усје“ се огласи дека увезува и гори отпад надлежното министерство знаело и одбори на уште 444 компании да внесат во земјава алтернативно гориво.

Проверките се редовни тврди заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Во одбрана на депонијата „Дрисла“ пак застана градоначалникот Петре Шилегов. Таму не се горел увезен опасен отпад.

Што и колку отпад влегол во земјава како отпад и завршило во некоја од печките најточно знае царинската управа.

Компаниите кои увезуваат и користат комунален отпад како гориво стравуваат дека доколку собранието ги прифатиле законските измени за забрана за увоз на отпад како гориво ќе мораат да се вратат поскапите и нееколошки горива кои што земјите од Европската Унија полека ги исфрлаат од употреба.