Македонија 06. февруари 2021. / 19:50

Уште три бугарски телевизии бараат да се емитуваат во Македонија, вели Бучковски

Уште три бугарски телевизии бараат да се емитуваат во Македонија, вели Бучковски

Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ, рече специјалниот претставник на Македонија во решавање на спорот со Бугарија во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спроот со Бугарија, Владо Бучковски, најави дека во нашата земја има барање за емитување од уште три приватни бугарски телевизии.

– Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина, рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.