Македонија 20. јуни 2018. / 11:15

Уште не ратификуван договорот Би-би-си објави карта со „Северна Македонија“ (ФОТО)

Уште не ратификуван договорот Би-би-си објави карта со „Северна Македонија“ (ФОТО)

Уште не ратификуван договорот со Грција, со кој беше усвоено името „Северна Македонија“, веќе ги донесува првите промени, пишува грчка „Ефимирида“.

Весникот пишува дека британскиот сервис Би-Би-Си, во претставување на договорот Ципрас-Заев „веќе го смени името на Скопје на мапата“ во Северна Македонија и дека тоа не се однесува на географскиот регион Македонија.

Сервисот донесува две мапи, а првата е со име Македонија како што е земјава призната од голем број земји во светот и на како БЈРМ како што е призната земјата во ОН, пишува „Ефимирида“.