Зоран Заев ја подготвува јавноста за да ја промени одлуката и јавното ветување од времето додека беше во опозиција, но и потоа, дека наместо градба нa клинички центар на истата локација каде е сега коиничкиот центаар, СДСМ ќе изгради клиничи центар во Бардовци.
Попусто Никола Груевски и Тодоров објаснуваа дека тоа ќе чини 5-6 пати поскапо и дека треба многу години за подготовка пред да почне градбата. Заев и натаму си ветуваше и велеше дека лажат.
Денес на пратеничи прашања Заев си беше нарачал прашање од своите пратеници за да почне да ја подготвува јавноста дека нема да го исполни ветувањето.
Објаснувајќи дека има две можности од кои едната е клиничкиот центар да се гради во Бардовци самиот посочи дека ако се гради во Бардовци ќе треба наместо 80 дури 500 милиони евра инвестиција а државата, и дека треба најмалку 5 години за подготовки пред да почне градбата. Даде до знаење дека пред јуни нема да се прави ништо туку ќе мислел, бидејќи очигледно Македонија треба да загуби една цела година за да се охрабри да соопшти дека во изборите лажел, и дека Груевски и Тодоров постапиле и говореле правилно и разумно. Во меѓувреме граѓаните ќе си одат во старите руинирани објекти на клиничкиот центар. А ако воопшто почне да гради, тоа ќе биде токму во клиничкиот центар.
Одеднаш почна да бара изговори дека проблемот со паркирање можело да се реши со две катни гаражи, нешто што е дел од проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ.