Македонија 08. октомври 2020. / 20:00

Уште две училишта во кумановско ќе организираат настава со физичко присуство

Уште две училишта во кумановско ќе организираат настава со физичко присуство

Комисијата за разгледување на поднесените барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство се произнесе и за дополнителни две училишта во кумановско и им одобри наставата да се изведува со физичко присуство на учениците.
Според информациите на секторот, физичка настава ќе следат основците од петто до деветто одделение од подрачното училиште „Вера Которка“ во село Клечовце и основците од село Сопот од подрачното „Браќа Рибар“.
Согласност за спроведување настава добија подрачното „11 Октомври“ во село Речица, посебните паралелки во основното „Браќа Миладиновци“ во Куманово, како и подрачните на ова училиште во селата, Студена Бара и Пчиња, „Браќа Рибар“ во село Табановце и подрачното, Којнаре, Костурник, Четирце.
„Вера Которка“ во Клечовце, „Карпош“ во Умин Дол и Љубодраг, „Кирил и Методиј“ во Агино село, како и подрачните на „Кочо Рацин“ во Биљановце, Габреш, Градиште, Доброшане, Кучкарево, Орашац. И подрачното на „Толи Зордумис“ во Режановце и „Христијан Карпош“ во Тромеѓа.
Најголем дел од 22 училишта во Куманово во урбана средина ја изведуваат наставата онлајн. Во општината има околу 15.000 ученици, 10.000 основци и пет илјади средношколци