Македонија 08. август 2019. / 15:46

Уште двајца анестезиолози си заминуваат од Жан Митрев

Уште двајца анестезиолози си заминуваат од Жан Митрев

Двајцата анестезиолози кои од годинава преминаа од државните клиники во детската кардиохирургија во приватната болница Жан Митрев си дале отказ, дознава Фактор. Нивните следуваат по отказот на доктор Владимир Чадиковски кој го депонираше отказот во вторникот. Тој си замина од Жан Митрев шест месеци откако како единствен лиценциран детски кардиохирург работеше во оваа Клиничка болница која пак од тогаш операциите на деца ги изведуваше на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Чадиковски таму дојде со цел тим од Детската клиника, а со него се префрлија четворица други доктори педијатри, двајца анестезиолози и три сестри.

Најавени се откази и од другиот дел од тимот кој премина таму.

Инаку иако и Лекарската комора потврди дека Чадиковски е единствениот кој има лиценца за детска кардиохирургија и од Министерството за здравство и од Жан Митрев тврдеа дека операциите ќе продолжат да се изведуваат и по неговото заминување. Чадиковски замина поради ненадминливи несогласувања со менаџментот околу обврските кои требало да бидат исполнети во оваа клиника.