Министерот за образование и наука Арбр Адеми информира дека уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според предвидените роковите.
Конкретно за средните училишта, Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени и протоколи.
Одговарајќи на новинарски прашања, Адеми појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба.
Адеми додаде дека и до сега се ораганизирало приемен или квалификационен испит доколку повеќе лица имаат ист број на бодови.