Македонија 01. јуни 2019. / 17:11

УМС Аеродром со помош за децата од социјално загрозените семејства

УМС Аеродром со помош за децата од социјално загрозените семејства

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром по повод 1-ви јуни – Меѓународен ден за заштита на детето додели хуманитарна помош на дечињата од две социјално загрозени семејства.

-Денешниот ден 1-ви Јуни е означен како Меѓународен ден за заштита на детето и по тој повод УМС Аеродром излезе на терен и со хуманитарна помош ги израдува дечињата од една социјално загрозена многудетна фамилија, како и кај уште една фамилија која исто така е социјално загрозена, а нејзините членови се во поодмината возрасна доба, пишува на Фејсук профилот на УМС Аеродром.