Македонија 22. август 2018. / 11:21

Уметници, оперски пејач, режисер, пратеници за тероризам, додека вистинските терористи се на слобода

Уметници, оперски пејач, режисер, пратеници за тероризам, додека вистинските терористи се на слобода

Денеска во Основниот суд Скопје 1 продолжува судењето на обвинетите за тероризам поради настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Во судските клупи повторно се враќаат Богдан Илиевски, Борис Дамовски, Игор Дурловски, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Илија Славковски, Јане Ченто, Митко Чавков, Елена Доцевска, Абдуљафет Алими, како и пратениците Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Љубен Аранудов.

Уште од стартот на овој судски спор во јавноста гласно се зборува дека станува збор за политички монтиран случај, случај каде целта е одмазда кон политичките неистомисленици на власта.

Во овој случај за тероризам се обвинети пратеници, уметници, еден од најдобрите оперски пејачи не само кај нас туку и во светски рамки, додека како што се коментира во јавноста вистинските терористи се пушти на слобода.

Таков е примерот со обвинетите од случајот „Монструм“, чие дело е вратено од почеток за одлучување, иако тие беа осудени на доживотни казни затвор претходно, а сега се бранат од слобода. Тие беа веќе осудени за петкратно убиство на велики четврток, пред Велигден.

Врховниот суд во ноември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.