Македонија 12. февруари 2021. / 19:15

Украина ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за набавка на вакцини

Украина ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за набавка на вакцини

Украина ќе добие 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за набавка на вакцини против Ковид-19, изјави денеска премиерот Денис Шмигал.

Тој додаде дека парите ќе бидат потрошени и за набавка на модерна опрема за ладење во која ќе се чуваат вакцините.

Во Украина сè уште не е почната масовна вакцинација, а строгите рестриктивни мерки ќе бидат вп сила до крајот на февруари.