Македонија 11. јуни 2020. / 18:30

Украдена е изјавата на родилката што на Гинекологија ги криеше епидемиолошките контакти

Украдена е изјавата на родилката што на Гинекологија ги криеше епидемиолошките контакти

Директорката на ГАК доктор Викторија Јовановска за „Слободен печат“ информира дека исчезнала изјавата на родилката што се претставуваше како лекарка, односно нејзината епидемиолошка анкета.

Како што вели Јовановска, за расчитување на случајот на клиниката ќе се вклучли и полицијата.

Наместо да се занимаваме со пациентите, ние се занимаваме со исчезнатата изјава. Ја имаме на камера како ја потпишува изјавата, ама самата изјава ја нема зашто некој ја украл. Направен е упад во медицинската документација, направен е упад во системот и навистина сме сите револтирани. Сакаат да ги направат докторите криминалци. Се гледа каде е дрпнато, скинато во документацијата и среќа ја имаме на камера како потпишува. Сега фали уште камерите да дојдат да ги скршат –  вели директорката.

Од весникот објавуваат дека Јовановска трпи невидени притисоци да се повлече откако го обелодени скандалот и несовесното постапување на пациентката.