УЈП потврди дека сметката на правното лице 1ТВ Дооел Скопје е блокирана, објави Слободен Печат.
На прашањето на „Слободен печат“ за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, од УЈП известуваат дека „согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“.
Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно.
1 ТВ започна да работи во март 2018 година.