Македонија 23. февруари 2021. / 10:49

УЈП ги блокираше сметките на Мијалков

УЈП ги блокираше сметките на Мијалков

Телевизијата „24“ во вчерашната информација за тоа со каков имот располага поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој избега пред пресудата за случајот „Таргет Тврдина“, меѓу другото информира дека Управата за јавни приходи ја блокирала сметката на Бест Веј Инвестмент.

Компанијата ја поседува постариот син на поранешниот разузнавач, а истата води кон други пет фирми, кои пак влечат нов бран на сопствеништво на нова група фирми од различни дејности-нафта, градежништво, хотели, фармација, игри на среќа.

Токму преку Бест Веј Инвестмент и Дивелоп груп, Мијалкови имаат сопствеништво и во луксузниот хотел Мериот.