Македонија 01. февруари 2021. / 11:47

УХМП: Врнежите го зголемија водостојот на реките во Македонија

УХМП: Врнежите го зголемија водостојот на реките во Македонија

Бранот врнежи што ја зафати земјава, ги зголеми водостоите на реките, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, некои од реките се повеќе од двојно зголемени, а во рамки на просекот за февруари се само Црна и Струмица.

Дојранското Езеро, како и досега, е над месечниот просек, додека Преспанското и Охридското Езеро се намалени. Сепак, Преспанското Езеро за 30 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.