Македонија 15. декември 2018. / 20:19

Учесниците во настаните од „27 април“ ќе ја почекаат амнестијата – законот тргнат од дневен ред

Учесниците во настаните од „27 април“ ќе ја почекаат амнестијата – законот тргнат од дневен ред

Законот за амнестија нема да се разгледува на собраниската седница во понеделник. Текстот за законот е изготвен, но тој дополнително треба да биде разгледан од страна на правните експерти и од партиите.

Како што сега стои во Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април од кривично гонење ќе бидат ослободени лицата инволвирани во настаните на 27 април, но не и оние кои се веќе осудени, оние кои извршиле насилство и употребиле физичка сила, лицата кои со фантомки влегоа во законодавниот дом и оние кои го организирале и спровеле „крвавиот четврток“, како и оние со командна одговорност за вршење службени овластувања за крвивичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Премиерот Зоран Заев изјави дека со ова решение власта нема да се меша во работата на судството, додавајќи дека казни ќе има, но ќе се знае што е судска, а што политичка одлука.

Обвинителката Вилма Рускоска, по последното судско рочиште за настаните од „крвавиот четврток“, даде изјави во која децидно кажа дека не размислува за преквалификација на кривичните дела кои им се ставени, сега, на товар на 33 обвинети.

ВМРО ДПМНЕ го чекаат текстот на законот. Нивниот став дека селективната правда не е правда останува непроменет.

За носење на Законот за амнестија во Собранието потребни се 61 гласа, а потоа тој треба да биде потпишан од Претседателот на Р.М., Ѓорге Иванов.