Македонија 15. октомври 2020. / 18:40

Ученик во второ одделение и лаборант заболени од Ковид-19 во Тиквешко

Ученик во второ одделение и лаборант заболени од Ковид-19 во Тиквешко

Второодделенец и здравствено лице се заболени од Ковид-19 во Тиквешко. Една жена почина во скопска болница, а девет нови позитивни случаи се регистрирани за 24 часа, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Имаме седум нови случаи во Кавадарци и два во Неготино. Починатата со коронавирус е на возраст од 55 години. Новозаболените се на возраст од седум до 66 години. Од нив пет се од машки, а две лица од женски пол. Само едно лице нема симптоми. Петмина претходно имале контакт со позитивно лице, а четворица не знаат каде се заразиле, појасни докторот.

Второодделенецот бил позитивен откако имал контакт со позитивна наставничка, но позитивен случај имал и во семејството. Новозаболен бил и еден лаборант.