Учениците нема да почнат со настава до средината на септември.
Според информации на Сител од МОН, најрано до 15-ти септември очекуваат да поминат законските измени и училиштата да се подготват и за настава во училишта и он лајн.
Според предлогот од Комисијата за заразни болести, до трето одделение децата физички да присуствуваат во училиштата, а останатите наставата да ја следат он лајн, од Кризниот штаб побарале дополнителни информации од образование, што значи неизвесно е дека денес Владата ќе ја донесе конечната одлука.