Македонија 05. мај 2020. / 22:37

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев е осуден на девет години и четири месеци затвор

Убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев е осуден на девет години и четири месеци затвор

9 години и 4 месеци затвор доби Филип Секуловски, убиецот на Мартин Јанушев.

Тој ја призна вината уште на почетокот на судењето по што судот воопшто и не се впуштил во доказната постапка туку само ги ценел околностите кои можат да бидат олеснителни или отежителни.

Убиството на Јанушев се случи на 3 ноември 2017та година, пред зграда во Аеродром каде живеел. По убиството Секуловски беше во бегство две години по што сам се пријави.