Македонија 30. септември 2018. / 13:26

Уапсените во Струга тврдат дека нив ги фотографирале

Уапсените во Струга тврдат дека нив ги фотографирале

Фотографирање со мобилен телефон од тераса на зграда близу избирачкото место во ОУ „Браќа Миладиновци“ на улицата „Јован Стефаноски – Риле“ било регистрирано денес.

Од МВР информираа дека преземени се мерки и лицата се однесени во полициската станица.

Според низа, неофицијални објави на социјалните мрежи, лицата на возраст од 20-тина години, не фотографирале, туку седеле на тереса и биле фотографирани од непознати лица.

Неофицијално, биле приведени од станот во кој се наоѓале и однесени во полициска станица каде не им биле пронајдени ниту фотографии, ниту снимки.