Македонија 04. декември 2019. / 22:06

Трудо: Со нетрпение чекам целосно да се приклучите на НАТО

Трудо: Со нетрпение чекам целосно да се приклучите на НАТО

Добредојдовте на масата на НАТО Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата, напиша канадскиот премиерр Џастин Трудо на својот Твитер профил.

– Благодарам за продуктивната дискусија денеска за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји, додава Трудо на Твитер.

Претседателот на Владата, Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез и со германската канцеларка Ангела Меркел