Македонија 15. ноември 2020. / 15:15

Тројца пациенти починаа во кавадаречката болница, 42 новозаболени во Тиквешијата

Тројца пациенти починаа во кавадаречката болница, 42 новозаболени во Тиквешијата

Три лица починале на Ковид одделот во кавадаречката болница, станува збор за тиквешани на возраст од 67 до 78 години, потврдија од болницата. Сите имале претходни болести.

Од друга страна, доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, потврди дека имаат регистрирано вкупно 42 новозаболени, на возраст од 18 до 79 години.

Во Кавадарци 19, Росоман 5, Неготино 15 и Демир Капија 3 лица.