Македонија 16. May 2019. / 17:12

Трите закони кои Иванов не ги потпиша Собранието ги усвои

Трите закони кои Иванов не ги потпиша Собранието ги усвои

Собранието денеска во рамки на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.

На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Ова се дел од законите кои беа усвоиени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потише ниту еден закон со новото име на земјата.

Собранието продолжи со работа со точки кои се останати на дневен ред на 94-та седница.