Македонија 13. ноември 2020. / 12:42

Трифун Костовски се враќа во политиката: Плевелот во нашите градини треба да се исчисти од корен

Трифун Костовски се враќа во политиката: Плевелот во нашите градини треба да се исчисти од корен

Бизнисменот и сопственик на повеќе компании меѓу кои и пропаднатата Еуростандард банка по пауза од 15 години се враќа во македонската политика.

Според информациите на expres.mk Костовски кој пред 18 години стана пратеник од редовите на СДСМ, а потоа стана градоначалник на Скопје со опозицијата, сега ќе формира нова политичка партија.

Ова, пишува порталот, го најавил самиот Костовски во својата последна колумна без да дава детали на кој начин ќе се врати во политиката.

-Политичкиот ринг по се изгледа е единствената алтернатива за мене и мојата борба. Повеќе од јасно е дека во сите идни изборни процеси ќе бидам учесник, каде што основната цел и мото ќе ми биде борбата против организираниот криминал. Мојот приод ќе биде многу транспарентен и јасен. Плевелот во нашите градини треба да се исчисти од корен, пишува Костовски.

Колумната  во целост можете да ја прочитате тука.