Во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола денеска ќе се одржи петтата од серија јавни трибини за Дигитализација на јавните услуги во Македонија.
Kако што информираат од МИОА, на трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација. Особен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.
За дигитализацијата на земјата ќе говори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а свој осврт ќе даде и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. На трибината ќе се обрати и проректорот за настава проф. д-р Игор Неделковски.