Македонија 04. септември 2020. / 15:24

Три починати и 109 новозаболени лица од корона вирусот

Три починати и 109 новозаболени лица од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6.

Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871,  бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.