Македонија 10. септември 2020. / 20:45

Три лица од Кавадарци и едно од Неготино се новозаразените случаи со Ковид-19

Три лица од Кавадарци и едно од Неготино се новозаразените случаи со Ковид-19

Три лица од Кавадарци и едно од Неготино се новозаболени случаи со Ковид-19, регистрирани во кавадаречкиот Центар за јавно здравје во изминатите 24 часа.

Станува збор за двајца мажи и две жени, на возраст од 32 до 58 години. Само една од жените потврдува дека била во контакт со лице позитивно на вирусот, а другите тројца не знаат како се заразиле, за МИА изјави доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог.

Сите имаат симптоми и се на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.