Македонија 09. јули 2019. / 09:34

Трет мониторинг извештај за АЕК и АВМУ

Трет мониторинг извештај за АЕК и АВМУ

Трет периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе биде објавен денеска во рамки на проектот Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите.

На настанот ќе бидат презентирани наодите од периодичниот мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК за периодот јануари – април годинава и ќе се дискутираат клучните аспекти од работата на регулаторните тела во овој период, како и годишните извештаи и транспарентноста во јавните набавки.

Проектот го спроевдуваат Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.