Собранието трет ден ќе расправа по дневиот ред на 130-тата седница на кој има повеќе точки меѓу кои се и дополнетиот предлог закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Собранието, и за стратешки инвестиции двата по скратена постапка.
Пред пратениците ќе се најдат и предлог законите за изменување на Законот за евиденциите од областа на трудот и за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, и на Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, трите по скратена постапка.
На вчерашната седница пратеиците ја избраа Соња Трифуновска за заменик на Народниот правобранител и расправаа за повеќе законски решенија меѓу кои и за Законот за јавни собири, Законот за електронска трговија, Законот за таксата за привремен престој,