Тотално распаѓање на системот и скапување одвнатре на државата. Безредие и планетарна неспособност базирана на партиски калкулации и личен интерес или на интересот на партијата и на лидерот, напиша Жанета Трајкоска на Фејсбук.
Не знам зошто било кој е изненаден од ставот на Комисијата. Комисијата за заразни болести само стави печат и го официјализираше тоа што сите го знаеме и од што секојдневно ни растат магарешки уши. Сите ни се потсмеваат, а на соседите им служиме за подбив колку сме јадни и некадарни, напиша Трајкоска.