Македонија 22. ноември 2019. / 20:58

Трајановски за Илинденска: Kристофер Хил мислеше сме ја промашиле улицата која води до старата амбасада на САД

Трајановски за Илинденска: Kристофер Хил мислеше сме ја промашиле улицата која води до старата амбасада на САД

Екс градоначалникот на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски како свој проект првенец како градоначалник во гостувањето во емисијата Јади Бурек на телевизија Сонце истакна дека еден од проектите на кои најмногу се гордее како градоначалник е изгрдбата на булеварот Илинденска.

Тој спомена една анегдота поврзана со поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Кристофер Хил кој по изградбата на амбасадата на Калето и завршувањето на неговиот мандат во Македонија при посета на нашата држава посакал повторно да ја види локацијата на старата амбасада.

Патувајќи кон локацијата на старата амбасада на САД, Хил во еден момент помислил дека е промашена локацијата на што Трајановски му одговорил дека локацијата е точна, но многу е променето и изградено во Скопје вклучувајќи ја и Илинденска на која се наоѓаше некогашната американската амбасада.

Тој говореше и за низа други проекти како подигнувањето на стандардите во Скопската зоолошка градина која е под ингеренција на Град Скопје, но и некогашната црна точка во Скопје каде се случуваа голем број сообраќајни несреќи, во близина на католичката црква во Скопје. Таму претходната локална власт изгради кружен тек со што бројот на сообраќајни несреќи на оваа локација значително се намали.