Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска сведочеше за настаните од 27 април, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во организацијата на протестите, иако ги оцени како мирни и спонтани.
Трајановски додаде дека во периодот на 2016 и 2017 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, но дека Спиро Ристоски и Миле Јанакиески не биле членови на партиските тела, ниту пак тоа време постоела функцијата организациски секретар.
Според него во тој период рече дека неговата партија победила на избори, но оти не можеле да формираат влада и оти народот бил вознемирен оти нешто се подготвува.
Тој рече дека во партијата немале донесено никаква одлука за поддршка на протестите.
– ВМРО-ДПМНЕ ги оцени протестите како мирни и спонтани, но немаше учество во нив, рече Трајановски.
Воедно тој додаде дека како градоначалник на Скопје не вршел никаков притисок градската администрација и дека Миле Јанакиески и Спиро Ристески немале никаква комуникација со градските комитети за време на протестите.