Дали е можно да реагира било кој во Република Македонија кога законите се носат преку ноќ? Да имаше можност за јавна расправа да се вклучат експертите, да се вклучеше невладиниот сектор, новинарите, медиумите можеби на поинаков начин ќе се одвиваа сите овие работи, нагласи Павле Трајанов, при гостување на емисија на 1ТВ.
Трајанов образложи дека можеше тој процес да се одвива на поинаков начин. Сепак да има јавна експертска расправа. Можеше дури порано да се започнат овие процеси. Постои целосна, граѓанска, политичка осуда на сите овие процеси што сега се одвиваат. Но има воздржаност на реакциите кај сите овие структури што ги набројав.