Македонија 27. јануари 2021. / 23:28

Трајанов: Да се вакцинираат попишувачите

Трајанов: Да се вакцинираат попишувачите

Пaвле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во „Анализа“ на 24 Вести, посочи попишувачите на претстојниот попис на населението задолжително да се вакцинираат, со што ќе се заштитат себеси, но и другите при посетата на домаќинствата.

Трајанов предложи во подготовката на Методолигијата за попис, да се вклучат експерти од сите партии, со што може да се обезбеди поддршка на пописот од сите политички партии.

Трајанов нагласи дека се очекува со пописот да бидат опфатени сите државјани, но и прецизно да се утврди бројот на тие што живеат во Македонија.