Македонија 16. април 2018. / 14:42

Тотална негрижа од Министерството за култура: Куќата-музеј на Есма Реџепова е ограбена и руинирана

Тотална негрижа од Министерството за култура: Куќата-музеј на Есма Реџепова е ограбена и руинирана

Музејот на легендарната Есма Реџепова, лоциран на Кале целосно е ограбен и во него нема ништо. Состојбата е апсолутно загрижувачка. Се чини дека никој не се сетил куќата во која Есма живееше и гробот во кој таа е погребана, да ги обезбеди и уреди, пренесува српскиот портал Курир.рс, во видеото за најавата на неговата „Викенд премиера“.

Куќата во која живееше Есма Реџепова  камерите се искршени или отстранети, па дури и вратата е отклучена, и може да се каже дека во наредниот период внатре може да се всели било кој бездомник, пренесува српски Курир.

Инаку Есма Реџепова според нејзиниот тестамен, целото наследство и го оставила на државата, а авторските права на едно од своите 47 деца.