Македонија 29. октомври 2018. / 19:05

Тоталитаризмот се враќа во Македонија: ,,Маршал Тито”повторно име на улица!

Тоталитаризмот се враќа во Македонија: ,,Маршал Тито”повторно име на улица!

Најстарата улица во Кочани, која пред четири години беше преименувана во „ВМРО“, ќе си го врати старото име „Маршал Тито“.

Името на Маршалот Тито е симбол за едноумие каде што секој што размислувал поинаку од комунистичката власт бил праќан на Голи Оток, Тито е симбол за држава со социјалистичка економија, што нема никаква поврзаност со НАТО и ЕУ каде што постојат капиталистички системи односно пазарни економии.

Во време кога се финансираат невладини организации кои промовираат различности и слобода на изразување, во Кочани ќе се преименува улица по човек што не поддржувал различности и слобода на индивидуата туку напротив ги укинувал .

Советот на Општина Кочани на 17. седница донесе одлука со која една од централните градски сообраќајници повторно ќе го носи називот на диктаторот што го имаше над шест децении.

– Одлуката од пред четири години беше израз на еуфоријата на долгогодишното владеење на сите нивоа и со неа тогашната владејачка гарнитура направи обид да брише дел од историјата на Македонија, период поврзан со борба по која македонскиот народ конечно ја оствари вековната желба да добие своја држава, а македонскиот јазик стана еден од трите официјални јазици во тогашната Федерација. Немањето издржано образложение за преименување на улицата која е главна градска артерија, граѓаните никогаш не го заборавија.Во нивно и во наше име, на советничката група на СДСМ и коалицијата, бараме да биде вратено името на улицата „Маршал Тито“, истакна Гордана Антова, член на Советот на општината.