Во емисијата “200” на Алсат М телевизија Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ го праша соговорникот Бојан Маричиќ од СДСМ против кого протестираа членовите и симпатизерите на СДСМ кога маршираа за правда.
Против кого протестирате и марширавте пред Врховниот суд и пред обвинителството? Велам дека сте пристрасен? Не велам. А против кого протестирате? Против таткото Ваш? Виши јавен обвинител. Против сопругата Ваша – шеф на кабинетот на министерот за правда? Против тие протестиравте? Вие со кое лице протестиравте пред Вишото обвинителство каде што вашиот татко работи? Па дајте Ве молам, порача тој.