Во општина Битола имаме само 100% реализација на „Рекет“. Половина мандат за „Рекет“, а втора половина за бегање од одговорност, реагира советникот во општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски.
-Бројките од реализацијата на буџетот на Општина Битола во првото полугодие од 2019 се најлоши во поновата буџетска историја. Петровска во целост ги следи антиекономските политики на централната власт предводена од аболицираниот за криминал Зоран Заев.
Сите посети на министрите со цел амнестирање од одговорност на Петровска се залудни.Приходи(реални) – 25%
Капитални приходи – 6.8%
Приходи од продажба на земјиште – 2%
Изградба и реконструкција на улици и патишта – 7,5%
Атмосферска и фекална канализација – 8.4%
Гасификација – 0%
Заштита на животна средина 16%, напиша Тошевски на својот профил на Фејсбук.