Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски денеска се појави на првото рочиште од обновениот предмет „ТНТ“.
Вчера и завчера тој не се појавуваше на рочиштата со образложение дека не добил покана, а судијата Огнен Ставрев побара тој да биде стражарно приведен.
Предметот „ТНТ“ кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цановски, вратен е на поочеток поради истечениот мандат на поротничката Лилјана Кочковска, која по 1десетина дена неизвесност поднесе неотповиклива оставка.