Македонија 29. ноември 2020. / 17:06

Тони Михајловски повика на масовни протести: Стани народе и ослободи ја бурата!

Тони Михајловски повика на масовни протести: Стани народе и ослободи ја бурата!

Актерот Тони Михајловски, кој инаку е дел од ВМРО-ДПМНЕ повика на масовен протест против продавањето на македонската историја од страна на премиерот Зоран Заев.

– Во секој град, во секое село, на секоја улица, гумно, плоштад треба да излезе народ, и старо и младо и да покажеме дека знаеме што сме и кои сме. Македонци.
Со маски, со дистанца од 2м од човек до човек, и да останеме таму до конечниот пад на оваа хунта која владее преку болка и велепредавство.
Стани народе и ослободи ја бурата!, напиша Михајловски.

 

Во секој град, во секое село, на секоја улица, гумно, плоштад треба да излезе народ, и старо и младо и да покажеме дека…

Posted by Toni Sanac Mihajlovski on Sunday, November 29, 2020