Македонија 16. мај 2019. / 13:49

Тодоров: Ако земјите од регионот не се интегрираат во ЕУ, би било многу опасно и за Европа и за Западен Балкан

Тодоров: Ако земјите од регионот не се интегрираат во ЕУ, би било многу опасно и за Европа и за Западен Балкан

Би било многу опасно и за Европа и за Западен Балкан, ако земјите од регионот не се интегрираат во Европската Унија (ЕУ) и не ги прифатат европските вредности. Ова за емисијата „Светот е бизнис” на бугарската редакција на Блумберг го изјави Никола Тодоров, поранешен вицепремиер и министер за образование и здравство на Македонија за време на владеењето на Никола Груевски и шеф на реформистичкото крило на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Национализмот ќе продолжи да опстанува во земјите од Западен Балкан додека не пристапат во блокот, рече Тодоров.

-Еден од проблемите во регионот е поврзан и со животниот стандард и побарувачката на можностите за обезбедување на повисок стандард… Ова е тоа што го измачува обичниот граѓанин, а не историјата или потребата да се разменуваат територии.

Повисокиот стандард на живеење не значи само повисоки приходи, нагласи тој.

-Тоа значи и држава која се организира и работи нормално според сите стандарди… ЕУ мора да ѝ подаде рака на Западен Балкан, за регионот да го постигне тоа.

Во земјите од Западен Балкан клучен проблем е состојбата на демократијата, коментираше во интервјуто Тодоров.

Треба да почнеме со повторното демократизирање на самите партии и обезбедување на широка дебата за да престане концентрирањето на моќ во рацете на еден човек.

Според Тодоров, регионот нема алтернатива освен евроатланска и европска интеграција.

-Северна Македонија би имала сериозни проблеми во сферата на безбедноста и политички кризи без интеграцијата во НАТО… Пристапот на земјата во Алијансата дојде во многу важен момент кога зачестија разговорите за размена на територии на Балканот.