Македонија 04. декември 2020. / 22:22

Тито Петковски: Добро е да се ангажираат историчари од надвор

Тито Петковски: Добро е да се ангажираат историчари од надвор

Во Мешовитата комисија треба да има европски историчари, за да нема пристрасност, изјави претседателот на НСДП, Тито Петковски во „Само интервју“ на Канал 5.

Но, тој смета дека за ова не е доцна.

-За да се задоволат двете страни и да нема пристрасност, добро е да се ангажираат историчари од надвор. Сепак, знам дека Бугарија тоа не сака да го чуе. Не може да се тргне напред ако се знае дека претседавачот на Бугарската комисија е човек кој што беше амбасадор во Македонија. Тој пред се е политичар и дипломат, а многу помалку историчар, тврди Петковски.