Македонија 16. мај 2019. / 16:14

Тито Беличанец: Изјавата на Пајо е против владеењето на правото и правната држава!

Тито Беличанец: Изјавата на Пајо е против владеењето на правото и правната држава!

Пензионираниот професор по право, Тито Беличанец, го осуди пратеникот Павле Богоевски – Пајо, за нелегалната набавка на дрога.

Беличанец кој важи за поддржувач на власта напиша дека постапките на Пајо се спротивни на владеењето на правото и правната држава.

– Моралот и етиката се услов за вршење на јавна функција пратеник, министер или на било која друга. Изјвата “знам дека е незаконито ама постапувам од мои причини кои ги сметам за оправдани” е спротивно на владеењето на правото и правната држава. – напиша професорот на Фејсбук.

Инаку досега целата јавност го осуди пратеникот и бара оставка од него.