Македонија 07. декември 2020. / 13:24

Случајот „Титаник“ одложен за 16-ти декември

Случајот „Титаник“ одложен за 16-ти декември

Рочиштето за случајот „Титаник“, кое беше закажано за денеска, е одложено за 16-ти декември. Причината за неодржувањето на ова рочиште беше претходно закажаното судење за предметот „ТНТ“ кој го води истиот судија, Осман Шабани, во којшто исто така обвинет е Миле Јанакиевски.

Овој судски предмет иако преставува едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, се уште е во фаза на доказна постапка.

Обвинението за „Титаник“ го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу обвинетите за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, повреда на избирачкото право и други кривични дела се и поранешната министерка Гордана Јанкуловска и поранешниот пратеникот Илија Димовски. Воедно, во отсуство му се суди и на Никола Груевски, кој мометално има статус на азилант во Унгарија.