Македонија 01. март 2019. / 14:23

Тимоние: СЈО да стане дел од ОЈО

Тимоние: СЈО да стане дел од ОЈО

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние смета дека можеби треба да се размислува Специјалното јавно обвинителство, кое, според него е настанато под посебни околности и во друго време, да стане дел од нормалниот правен систен, и можеби да се спои со ОЈО.

-Реков дека стнаува збор за една специфична институција која можеби треба да стане дел од нормалниот правен систем. Овие новите предмети кои се отворија, можеби треба да бидат дел од нормалниот судски систем- изјави Амбасадорот.