Младиот тим „Нешто нетипично“ е еден од седумте победници од вкупно 4.000 учесници на глобалниот натпревар „Идеи за акција“ во американската сојузна држава Пенсилванија. Тие се дел од националниот младински предизвик „Генерација без граници“, дел од партнерството на Фондацијата „Телеком за Македонија“ и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Нивното иновативно решение било мобилната апликација Walkiie, со која семејствата и пријателите на лицата со попреченост се поврзуваат со волонтери, кои организираат социјални активности за низ.
– Многу сме среќни за успехот што го постигнавме, што не е само наш, личен, туку и успех за целата држава. Благодарни сме на можноста што ја добивме и поддршката, а најмногу се радуваме што апликацијата вистински ќе им помогне на лицата со попреченост, изјави Елена Божиновска, членка на тимот „Нешто нетипично“.
Со младинскиот предизвик „Генерација без граници“, млади иноватори беа поканети преку јавен повик да креираат иновативни решенија како одговор на прашањето „Како може дигиталната технологија да придонесе кон поактивно вклучување на децата и младите во образованието и во секојдневниот живот?“. Освен финансиска, тимовите добија и менторска поддршка од инженери, ИТ и маркетинг експерти.
– Навистина беше чест да се работи со ваков тим млади луѓе, кои и самите се волонтери и јасно ја согледаа потребата од ваква апликација која ќе направи разлика во квалитетот на живот на лицата со попреченост, вели менторот на тимот Боро Петкоски од „Македонски Телеком“.
Наградата е уште едно големо признание за младите тимови од иницијативата Digital Inclusion. Претходно, тимот e-Bionics победи на глобалниот младински предизвик „Генерација без граници 2019/2020“, во категоријата тимови на возраст под 18 години. Нивното решение VenusArm (Раката на Венера) е 3Д печатена бионичка рака наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет.
За нивниот успех објави и Светска Банка
#IdeasforAction competition winners from #Europe and #Central #Asia: @walkiieapp! It connects friends, family, teachers or volunteers w/ people with disabilities, supporting them to pursue new activities or specific tasks https://t.co/nl2z3SYVQh pic.twitter.com/wid610NctT
— World Bank (@WorldBank) December 22, 2020