Македонија 16. мај 2018. / 22:18

Теута Арифи со амбиција да стане претседател на Македонија

Теута Арифи со амбиција да стане претседател на Македонија

Теута Арифи, градоначалничка на Тетово и потпретседателка на ДУИ не ја отфрла можноста да се кандидира за претседател на државата.

Таа денеска во специјално организирана дебата на емисијата Клик Плус на тв 21 пред граѓаните и студентите од Тетово најави дека во иднина може да биде претседателка на Македонија.

– Вие како претседател на државата може да помогнете – изјавил граѓанин од Тетово на што Арифи одговори:
– Не сум на државата, но во иднина може да бидам.