На 13.07.2020 во 18.40 часот било пријавено дека во Тетово, пред Арабати Баба Теќе, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.
Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.