Македонија 25. март 2019. / 10:51

Тетовец почина од СИДА, регистриран еден случај на сифилис во февруари

Тетовец почина од СИДА, регистриран еден случај на сифилис во февруари

Во текот на месец февруари, регистрирани се вкупно пет нови случаи на ХИВ/СИДА и еден смртен случај од СИДА кај претходно евидентирано лице (од возрасната група од 30-39 години, од Тетово).

Сите новорегистрирани случаи се ХИВ позитивни, сите се од машки пол; во однос на возрасната дистрибуција – по два случаи се од возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, и еден припаѓа на возрасната група од 40-49 години. Од вкупниот број регистрирани, 4 лица се припадници на МСМ популацијата. Според местото на живеење два случаи се од Тетово, а по еден е од Скопје, Велес и Куманово. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 28.02.2019), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2019 изнесува 413. Од вкупниот број на досега регистрирани случаи 100 лица починале, а 313 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Во групата на регистрирани сексуално преносливи инфекции (n=8; 0,5%; I=0,4/100.000), во текот на месец февруари пријавени се 7 заболени лица со инфекции предизвикани од хламидија и еден случај на сифилис од регионот на Центар за Јавно здравје Скопје.