Македонија 07. јануари 2020. / 13:03

Тетовец на синот му дал име УЧК

Тетовец на синот му дал име УЧК

Тетовецот Алберт Руфати на синот му го дал името УЧК во спомен на своето војување прво во Косово, а потоа и во Македонија, објави порталот на албански јазик „Инсајдери“.

Како што е наведено во текстот, Руфати како 17-годишник заминал да се бори во редовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК), па се вратил во Тетово и доброволно се пријавил за обезбедување помош за Косово.

По војната таму, тој стапил во Ослободителната национална армија (ОНА) и се борел против македонските безбедносни сили.