Македонија 31. март 2020. / 22:34

„Телма“: Eдна родилка заразена со Ковид 19, a на втората родилка бебето и починало најверојатно од сепса

„Телма“: Eдна родилка заразена со Ковид 19, a на втората родилка бебето и починало најверојатно од сепса

На клиниката за Гинекологија во Скопје една родилка е позитивна на Ковид 19, но била безбедно породена со царски рез и бебето се наоѓа на интензивна нега, информираа за Телма од Клиниката.

Бебето е на интензивна нега, бидејќи породувањето било предвремено извршено. Персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот,

Уште една родилка дошла со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за корона вирус, но сепак и таа ќе биде тестирана за Ковид 19.